(Видео) Радев со триумфализам: Уcпeaвме да ги нaмeтнeме своите аргументи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одважно и со нескриена доза на триумфализам, бугарскиот претседател Румен Радев дојде на Самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел.

Веднаш потренцираше дека на денешниот Самит се очекувала добра вест за Македонија, но дека Софија во меѓувреме успеала да ги наметне своите аргументи и да издејствува прашањето воопшто да не се најде на дневен ред пред лидерите.

-Последните месец и половина, Бугарија беше под неверојатен притисок од европските партнери на денешниот Европски совет да ги започне преговорите за членство за Македонија. Верувам дека разбраа дека обвинувањата против Бугарија се неосновани, дека имаме јасен став да најдеме излез од овој проблем и дека инсистираме на сигурни гаранции, на одржливи и неповратни резултати во билатералните односи. Време е да се излезе од семејната дипломатија пред камерите и да се фокусираме на прагматични решенија, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

Радев порача дека европската перспектива на Македонија зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Софија. Рече дека Македонците ги чувствува како браќа и оти се должни да и помагаат на земјава. Но, воедно ја врати старата реторика дека земјава мора да се соочи со историските факти.

-Не можем да кажеме „да“ пред да видиме одржливи механизми за искоренување на искривениот наратив и намерниот однос кон Бугарија – од учебниците, музеите, спомениците, до медиумите и државната политика. Не можеме да кажеме „да“ сè додека не се увериме дека нашата сосетка нема да го гради својот идентитет врз кражбата на бугарската историја.

Со ваквиот епилог, искажан од Радев паѓа и последната шанса Македонија да добие зелено светло денеска или утре, во што теоретски веруваше министерот Османи. Следниот предизвик е словенечкото претседателство кое почнува од 1 јули и кое оптимистички најавува дека деблокадата на македонските преговори се меѓу врвните приоритети на Љубљана.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This