Експертските тимови од Германија кои Владата ги најави и кои треба да спроведат стручна експертиза за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово пристигнаа денеска, објави Алсат.
-Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација, најавија од Владата.
Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.