Пpaтeницитe ќe oдлyчaт кoи ќe бидaт зaмeницитe нa Џафери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска го закажа продолжението нa втората седница на чиј дневен ред е Предлог на одлука за утврдување на бројот на потпретседателите на законодавниот дом.

Џафери предлага Собранието да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, Џафери повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.

Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, две предлага Комисијата за избори, а другите две се на мнозинството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This