Пpeкинaта вакцинацијaта во Лос Анџелес поради протестот на ултрaдeсничарите и пpoтивниците на вaкцинирањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради протестите на ултрадесничарите и противниците на вакцинирањето, во Лос Анџелес во саботата еден час беше прекината вакцинацијата на пункт отворен на стадионот Доџерс.

Околу 50 демонстранти носеа пароли против вакцинација и го запреа сообраќајот неколку часа.

Локалните медиуми јавуваат дека членовите на противпожарната служба во Лос Анџелес го затвориле стадионот околу 14 часот по локално време.

Сепак, полицијата на Лос Анџелес објави на својот профил на Твитер дека „портите на стадионот не се затворени“ и најави продолжување на вакцинацијата според планот, што го потврди и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, пренесува Би-Би-Си.

Извор:МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This