Пpeнџов: Имаме kaзино Влада, тие се богатат додека нapoдот гyби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето гостување во емисијата „Добро утро секое утро“ истакна дека во Македонија владее казино Влада, Влада која се богати на грбот на сопствениот народ.

Тој за пример ја посочи варијабилната акциза за нафтата која ги доведува граѓаните во ситуација да без разлика дали цената на нафтата на светските пазари расте или паѓа, да плаќаат поскапа цена на горивата во Македонија.

-Ние имаме казино Влада оваа Влада е казино Влада, само казиното никогаш не губи. Во Република Македонија само Владата никогаш не губи. Ако паднат цените на нафтата и ние треба да возиме поефтин бензин, поефтина нафта и поефтин гас ние тоа нема да можеме да го правиме бидејќи Владата проектирала толку пари од таа ставка во буџетот и тие ќе и дојдат на еден или друг начин. И затоа носат нови закони, ги менуваат акцизите, стануваат варијабилни соогласно цената на нафтата, дупло значи ви земаат пари, граѓаните осиромашуваат, а единствениот кој се богати е казиното, односно Владата, вели Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This