Пpeтceдaтeлoт нa Амбасадорскиот coвeт вeли дека Македонија гo чecтитaлa пpaзнyвaњeтo нa „Гoлeмa Бyгapиja“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Арсовски, претседателот на Советот на амбасадори, во интервјуто за Радио Слободна Европа рече дека Македонија го честитала националниот празник на Бугарија на 3 март, иако не требало да го направи тоа. Според Арсовски на овој празник се величи „Санстефанска Бугарија“ и им се дава легитимитет на територијалните претензии на соседот.

– Од овдека, слушнав, разбрав дека била испратена честитка. Не може тоа така. Ние сме овдека директно како земја повредени со тоа. Државните органи на Бугарија бараат да се признае македонското како бугарско малцинство во Подградец, Албанија, затоа што сметаат дека нивната територија граничи со тој регион. Делењето подароци, државјанства и ветувањето пасоши – сето тоа ви ја дава сликата за политиката на една земја, вели Арсовски.

Тој вели дека јавните изјави на бугарските министри Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов доволно зборуваат за официјалната политика на Бугарија. Првиот амбасадор на Македонија во Грција истот така нема добро мислење за компетенциите на актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

– Јас не би навлегувал зошто, тоа сепак е дел од концепцијата на Владата, преку министерот за надворешни работи, овој е со релативно мал стаж и да речам од друга бранша. Иако бил потпретседател на Владата за европски прашања неговиот вокабулар и сето тоа е поинаков од тоа што би требало да биде еден човек што се бави со надворешна политика, пред се. Но ќе го оставиме тоа на страна, вели Арсовски.

Извор: faktor.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This