ПPOБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ НА ПАСОШИ СТИГНА ДО МЕРКЕЛ, СПАСОВСКИ ЌЕ УPГИPА ГЕРМАНСКАТА ФИРМА ПОРАНО ДА ПРАТИ ОБРАСЦИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ќе се обидува преку кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел да издејствува компанијата „Веридос“ да испечати и испорача обрасци за пасоши најмалку две недели порано од договорениот рок на тендерот. Четириесет отсто од „Веридос“ е во државна сопственост на Сојузна Република Германија.

Пасошката криза во Македонија е во кулминација. Досега има 16.000 барања, а во залиха МВР има само 4.000 обрасци за пасоши. Дневно, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, за нови пасоши на кол-центарот во МВР се јавуваат 600 до 700 граѓани.Вчера, Владата донесе одлука МВР да одлучи како ќе ги изменаџира тие 4.000 пасоши, односно по кои критериуми ќе ги даде, и дека таа одлука на МВР ќе ја почитува.

„За утре во 9 часот закажав состанок на кој ќе бидеме јас како министер, дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, заменик-министерот Агим Нухиу, државниот секретар и помошниците-министри надлежни за овој проблем, на ниво на управувачкиот комитет на Министерството. Јас не можам сам да одлучам кому попрво да се дадат тие 4.000 пасоши. Има граѓани со ургентни потреби за лекување во странство, студенти кои се образуваат во странство и кои дошле да си ги обноват патните исправи. Има гастербајтери, експерти кои треба да одат на семинари и меѓународни конференции, на натпревари, а тука се и професионалните возачи на кои итно им се потребни нови пасоши. А тука се и граѓаните на кои ете не им се брза, ама имаат основно граѓанско право да поседуваат лични исправи. Затоа сакав Владата тоа да го реши, но тие рекоа ќе ја поддржат нашата одлука“, вели техничкиот министер Чулев.

Тој вели дека претседателот на Владата зел обврска да се јави во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, за ако може „Веридос“ да го скрати договорениот рок на 24 март 2020 за испорака на турата обрасци за пасоши, за најмалку 10 односно 14 дена.

Иако не го создал, туку го наследил проблемот со недостигот на пасоши во МВР, Чулев сепак бара оваа криза да не се политизира, бидејќи стана државен проблем.

Управувачкиот комитет на МВР утре преку соопштение ќе им каже на граѓаните по кој критериуми ќе се даваат единствените 4.000 пасоши од залихата, додека не стаса првата следна пратка нови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This