Пpoмeнитe зaпoчнyвaaт, гpaдoнaчaлницитe нa ВМРО-ДПМНЕ интeнзивнo нa тepeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веднаш штом ги презедоа градоначалничките функции, новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се фрлија на работа. Од тоа што може да се забележи уште во првите денови се гледа голема активност на терен, особено во општините кои се дел од градот Скопје.

Од партијата велат дека тоа е така затоа што се започнати промените. Оттаму додаваат дека општините долго време стагнирале и дека е потребно многу работа за да се надополни изгубеното, па затоа градоначалниците интензивно се на терен уште од првите денови штом ги преземаат општините.

Така, граѓаните веќе забележаа дека новите градоначалници веќе започнаа со решавање на еден од најгорливите проблеми, односно чистење на дивите депонии, проблем кој ја загадува животната средина и го загрозува здравјето на граѓаните.
Но, не само тоа, туку се започна со кратење на непродуктивни трошоци, но и исполнување на ветувањата за зеленило, градинки, детски игралишта и така натаму.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски започна со решавање со проблемот со коритото на река Серава, односно со чистење и целосно уредување, додавајќи дека за брзо ќе се реши овој децениски проблем, а потоа ќе има и трим патека. Потоа тој веднаш вршеше увид во изградба на детско игралиште, а вети и детски игралишта за секое маало во општината.

Тимчо Муцунски кој исто така ја доби довербата во првиот круг, уште веднаш започна со постапка за изградба на две нови градински во општината, што побрзо да се реализира ветувањето, за родителите да немаат проблем со места за своите дечиња во градинките. Но, и тој започна со уредување на животната средина и започна со мапирање и чистење на дивите депонии.

Кисела Вода ќе биде чиста општина, вети новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски кој не само што започна да чисти диви депонии, туку започнува со реализација на едно од ветувањата, односно парк од 4.000м2. Понатаму тој започна со реконструкција на улици, ветувањата за постарите, како и тоа дека секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок.

Активности уште нa почетокот има и вo Ѓорче Петров. Новиот градоначалник Александар Стојкоски започна со реализација на проектот за меѓуетничка интеграција, во кој преку младинска акција се вклучени ученици од три основни училишта. Понатаму тој започна и со чистење и уредување на пешачката патека покрај Вардар, за почиста и поздрава животна средина.

Бобан Стефковски, градоначалникот на Гази Баба веднаш започна со асфалтирање на улиците, чистење на дивите депонии, но и грижа за младите и учениците, односно реконструкција на кошаркарското игралиште во основното училиште Григор Прличев во Железара.

Во Штип, новиот градоначалник, Иван Јорданов веднаш започна со уредување на улиците, решавање со проблемот со свлечиштата, но и активности за решавање на проблемите на спортските работници, пожарникарите, како и младите.

Марко Колев кој стана нов градоначалник на Велес започна со градежни активности за реконструкција на улиците, како и увид во изградбата на пазарот.

Митко Јанчев, старо новиот градоначалник на Кавадарци, продолжи онаму каде што застана, односно продолжи со асфалтирање на улици, уредување на зелени површини, нов парк, детско игралиште на булевар Никола Минчев, но и со продолжување на активностите за изградба на новиот пазар во општината.

Од ова може да видиме дека градоначалниците кои веќе ги презедоа функциите, наместо во фотелји, веднаш започнаа да работат и да ги остваруваат своите ветувања, односно да покажат дека доаѓаат промените во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This