Пpoтecт во Струга: Heмиени и cмpдени ли ќе одиме во ЕУ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во време на корона епидемија- без вода. Стружани излегоа протест бидејќи немаат ниту капка вода за основните човечки потреби.

-Значи тоа е дирекно влијание на нашите животи, значи живееме цело време под стрес.Јас разбирам можеби суша во наводници како што се вадат одговорните, меѓутоа суша е секаде низ светот а не само во Струга.Така да овај проблем треба да се реши сериозно.Не знам општината и надлежните што е друго поважно од вода, некој да ми објасни! вели Тања Баџ-жител на Струга.

-Има стари луѓе, изнемоштени стануваат на вечер, не можат да извршат нужда па туриваш вода.Ајде ние можеме, ама има стари, има деца,млади со бебиња на 5 спрат што живеат, вели Дејан Јанкоски – жител на Струга, Алфа.

Се жалат на пречестите дефекти на старата и дотраена водоводна мрежа. Цевките пукаат, вода цела година им рече по улици, но надлежните не реагираат. Додаваат и дека голем проблем се и дивите приклучоци. -Не се проблем само рестрикциите кои што се прават наводни поради немање доволно вода, проблем е што на секој втор ден ние немаме вода од технички причини,поради пукнати цефки,загадена вода, недоволно користење на хлор, – вели Васко Јолески-жител на Струга.

-И да се реши спорот со сите соседи кога ќе дојди време за да влезиме, ќе речат стоп бе, овие не се миени,смрдени се луѓево, кај ќе одите во ЕУ. Ангела Меркел ќе рече ШАЈЗЕ,стоп, вели Трифуновски Горан.

Откако го најавивме протестот, велат организаторите, тече по некоја капка вода во текот на денот, за потоа од 22 часот па се до 5 часот наутро без претходна најава целосно ја усклучуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This