Пpoтecт дeнec нa автопатот Тетово-Гостивар: Житeлитe нa ceлo Горно Седларце бapaaт пoeвтинa пaтapинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотина жители на тетовското село Горно Седларце денеска протестираа на автопатот Тетово-Гостивар барајќи за нив да има пониска цена за плаќање на патарина. Тие образложуваат дека од Горно Седларце до Тетово користат само три километри и 300 метри, а треба да платат како сите останати 30 денари.

– Ние како село организиравме мирен протест, за денеска нема да го блокираме автопатот, но ако нема решение и ќе го направиме и тоа. Пример ако оди некој од Тетово кон Гостивар за 24 километри, плаќа 30 тука и 30 таму на другата патарина вкупно 60 денари, а ние за 3,3 км плаќаме 30 денари. Ние бараме решение за нашето село, законски ние треба да плати 6 до 8 денари за користењето на тие 3,3 километри што ги користиме. Сме пратиле барање до јавното претријатие но нема одговор од таму, изјави Јусуф Беќири, претставник од организаторите.

Тој вели дека нема алтернативен пат, односно дека има други патишта кои се премногу далеку од градот.

-Може да одиме до Камењане па преку Речица до Тетово а тоа е околу 14 километри, а тука е само за 3,3 километри. А ако одиме преку другата страна преку Брвеница па до Тетово исто некои 15 или 16километри што е трошок за нас. Пример годишно една кола да оди во Тетово треба 600 до 700 евра за една куќа за една кола , тоа е многу за нас. Институциите да најдат решение, да не ослободат од ова плаќање или да се најде алтернативен пат, да се изгради таков пат, рече Беќири.

Предлог на населението е да се направат картички за нивното село со кои би плаќале по пониска цена по минување или на одреден период како на месечно или годишно ниво. Селото протестираше и во ноември 2016 година.

-Една година сме биле ослободени од патарина, но почнаа некои села да го злоупотребуваат тоа и да кажуваат дека одат за Горно Седларце. Па имаше 500 до 600 коли кои така поминуваа, а нема толку возила кај нас. Затоа таа практика е прекината. Во меѓувремено имаше луѓе од нашето село кои не плаќаа патарина но се соочија со казни. Затоа бараме решение повторно, рече Беќири.

Горно Седларце има околу 400 куќи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This