Работниците кои работат денес и утре треба да добијат 250 проценти поголема дневница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работниците кои работат за празниците треба да добијат 250 проценти поголема дневница од обичен работен ден, ги потсети денеска ССМ газдите на фирмите кои за Бадник и Божиќ работат, а кој согласно Законот за празниците на РМ денешниот е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед и утрешниот ден е неработен за сите граѓани.

Согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор „За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50 проценти, односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 проценти за работник кој работи на Државен празник, нагласуваат од Сојузот на синсикати на Македонија.

Од Синдикатот порачуваат дека работниците мора да бидат информирани за да не ги манипулираат нивните газди и апелираат сите злоупотреби да се пријават во ССМ за да можат да ги спречат.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This