Синот на Трамп им се зakaни на републиканците: Готово е со кapиерата на оној кој нeмa да го пoддржи татко ми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вториот син на претседателот Доналд Трамп, Ерик, им се закани на републиканците од Сенатот и Претставничкиот дом дека нивната „политичка кариера е завршена“ доколку не го поддржат неговиот татко да го промени исходот од изборите на денешната седница во Конгресот, каде треба да се пребројат и потврдат електорските гласови.

Синот на Трамп го сврте вниманието кон 6 јануари, додека гостуваше во програмата на телевизијатa Fox news.

– Денес ќе ви кажам многу за земјата. Кој било сенатор или конгресмен кој не се бори, можам да им кажам дека нивната политичка кариера е завршена. Бидејќи МАГА (слоганот на Трамп – Да ја направиме Америка повторно голема) не оди никаде – рече Ерик Трамп, објави лондонски Индипендент.
Тој додаде дека неговиот татко направил најголема преобразба на американската историја и предупреди дека сенаторите и конгресмените кои не го поддржуваат сегашниот претседател треба да бидат маргинализирани на следните избори и да загубат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This