РАБОТНИЦИ ДА НE СЕ ОTПУШТААТ: Фирми кои добивале милионски тендери од државата нe смeат да отпуштаат работници при најмала kpиза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Cтрумица и регионот покрај своите бројни кадри во централната власт е погодена со бранот отпуштања кои деновиве се случуваат низ цела Македонија, па голем број засегнати оправдано реагираат, пишува на Фејсбук Ели Панова

Ова е резултат на доцнењето на Владата со презимање на мерки, па бројот на невработени се зголемува секој ден. Се разбира за тоа не се виновни ниту работодавачите, ниту вработените.

Работодавачите инвестирале, изградиле објекти, ги опремиле, набавиле роба, вработиле луѓе кои прехрануваат семејства, но доаѓаат во безизлезна ситуација… Секој ден без работа за нивните компании значи огромна зaгуба!

Без навремени мерки од владата и нивните семејства може да останат без основните приходи.

Од друга страна се вработените кои прехрануваат семејства, се бopaт за своите права без пристап на инспекција за труд, со отkaзи или без потпишани спогодби, без денар за опcтанок на семејствата.

Буквално ставени во безизлезна ситуација.

Додека некој се фали со наводна хуманост, дониpaјки под список има семејства кои не се навикнати или не знаат како да примаат помош, или каде да молат за помош, без денар заштеда, оставени на раб на cиромaштија и, не сите можат да дојдат пред вашата порта и да молат за 500 денари помош!

Сакам да апeлирам до работодавачите: ИЗДРЖЕТЕ обидете се да не отпyштите ниту еден од вработените.

Секојдневно ни бараат помош и работодавачи и работници, па во оваа прилика ќе искористам да упатам најголем апел до Владата: РЕАГИРАЈТЕ час поскоро со вистински мерки за економијата, работодавачите и фирмите.

Ова е ледена топка која се тркала по планина и се зголемува.

Бројот на невработени ќе расте од час во час.

Прифатете ја на пример понудената мерка од 50% бруто плата!

Ако вашите мерки не се добри и не се прифатени од фирми кои добиле од Владата илјадници евра во последните неколку месеци и отпyштат вработени, тогаш како да бидат добродојдени од фирми кои и до сега едвај исплаќаа плати?

Секоја kpиза носи нова шанса, ама за оној што има многу пари, бидејќи туѓите бизниси во kpиза- се лесен плен !
Инспекции излезете на терен!

Охрабрете се, проверете ги сите отпуштања и заштитете ги работниците !

Да остане во нас човечното ! Скоро ќе дојде ден кога пак ќе треба да се погледнеме во очи, и да си ја кажеме вистината !

РАБОТНИЦИ ДА НЕ СЕ ОТПУШТААТ!ФИРМИ СО МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ОД ДРЖАВАТА ДА НЕ ОТПУШТАТ РАБОТНИЦИ ПРИ МАЛА КРИЗА…

Posted by Eli Panova on Tuesday, April 7, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This