Радев: Секоја одлука за отпочнување на преговорите за члeнство на Македонија во ЕУ ќе биде внимателно анализирана од Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот претседател Румен Радев на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и португалскиот премиер Антонио Коста, истакна дека постигнувањето на напредокот во европската интеграција треба да се заснова на почитување на човековите права и целосно почитување на копенхашките критериуми за членство во ЕУ, објави Бугарското национално радио.

На состанокот, кој се одржа на иницијатива на претседателот на Европската комисија и португалскиот премиер пред вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел, централна тема биле можностите за постигнување напредок при усвојувањето на преговарачката рамка и почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

– Потребни ни се позитивни примери во билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија и директен и отворен билатерален дијалог за решавање на проблемите. Секоја можна одлука за започнување преговори за членство во ЕУ со Република Македонија ќе биде внимателно анализирана и усогласена со декларацијата на бугарскиот Парламент и рамковната позиција на нашата земја за проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација од октомври 2019 година, рече Румен Радев за време на состанокот со Урсула фон дер Лајен.

Радев исто така повика на политичка волја од Македонија за постигнување конкретни резултати за проблематични прашања, додавајќи дека добар знак за напредок на односите помеѓу двете земји е заедничко оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј на 27 мај од страна на делегациите на Бугарија и Македонија во Рим

24 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This