РАДИОАКТИВНА ДЕПОНИЈА НА 20-ТИНА КИЛОМЕТРИ ОД СКОПЈЕ: Преку 10 тони осиромашен ураниум фрлен на Косово, Обединетите нации знаеле и го криеле тоа од јавноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војските на НАТО со сигурност користеле осиромашен ураниум на подрачјето на западен Балкан, особено во делот на Косово, Македонија и Србија, а со најголем интензитет во периодот од 1999 до 2001. година, откриваат разни меѓународни истражувања. Дотолку повеќе, светските медиуми редовно објавуваат информации во врска со злоупотребата на ураниум на Косово и Македонија

Во 2014. година, косовските медиуми обелоденија дека Обединетите нации криеле од јавноста извештај кој открива дека во 1999 година НАТО за време на бомбардирањето на Косово фрлил околу 10 тона осиромашен ураниум, објави косовскиот портал Газета Експрес.

Извештајот го составил водачот на мисијата на Обединетите нации Бакари Канте, а во него се наведуваат шокантни податоци дека бомбардирањето било во време на сеидба, што уште повеќе ја зголемило штетата бидејќи осиромашениот ураниум влијаел и врз земјата и врз воздухот и водата. Идните генерации се изложени на зголемен број на заболувања од рак, леукемија, абортуси и деформации на бебињата – пишуваа тогаш од „Газета Експрес“

Но, делови од извештајот сепак излегоа во јавноста благодарејќи му на независниот американски новинар Роберт Џејмс Парсонс.

-НАТО всушност си тестирал оружје на цивилното население. Тоа е незапаметено воено злосторство- рекол Парсонс.

Тој тврди дека службениците и војниците што биле на Косово по бомбардирањето добиле предупредување да не јадат ништо надвор од своите воени бази, во кои им се служела храна од увоз.

Потврда дека на територијата на Македонија се користел осиромашен ураниум поконкретно на Криволак дадоа поранешни офицери на НАТО кои служеле во Македонија во своите писма до британски Гардијан.

-Не земајќи ги во предвид го војниците, што е со милиони луѓе кои треба да живеат тука? Неодамна војниците на НАТО држеа вежби користејќи жива муниција со осиромашени ураниумски на воениот тренинг-центар на Криволак во централна Македонија. Ова следува по откровението дека кога паднале бомби во Македонија, македонски полицајци работеa без заштитна опрема, додека војниците на НАТО се појавија во заштитни костуми. Токму поради тоа, НАТО морало да знае за можни ризици, пишува екс офицерот на НАТО, Џулијан Пак за британски Гардијан.

https://www.theguardian.com/theguardian/2001/jan/11/guardianletters4

Покрај потврда за фактот дека на Криволак се користел осиромашен ураниум успеавме да добиеме и потврда во едно од истражувањата дека таму сепак македонската влада планирала изградба на бункери за радиоактивен отпад. Од тогаш до ден денес околу овој проект има многу контроверзири, бидејќи овој проект е задскриен зад велот на бирократската мистерија. Иако се обидовме да добиеме повеќе информации околу ова наидовме на ѕид од комисии, рангови и хиерархија.

-Во март 1999 година, македонската влада ги објави своите намери за изградба на радиоактивен отпад во близина на воената база на НАТО на Криволак. Шефот на македонското Министерство за животна средина, Сокол Клинчаров, изјави дека верува дека оваа локација е најпогодна за изградба на објект за складирање на овој опасен отпад. Регионот, според Клинчаров, е најсув регион во земјава и нема подземни води. Тој, исто така, го поддржа планираниот објект во овој регион, бидејќи областа е наводно ретко населена, има малку вегетација и мал број регистрирани ретки или загрозени видови, истражување за ,,Употребата на ураниум во воени цели на НАТО”.

ИНФОМАКС СО ДОКАЗИ ДЕКА СЕ КОРИСТИ ОСИРМАШЕН УРАНИУМ НА КРИВОЛАК: Граѓаните изложени на радијација, Шекеринска ја брани американската војска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This