April 28, 2024, 11:02 am

Ракометарите пристигна во Каиро и ќе останат во кaрантин до утре до пладне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометарите кои се дел од машката сениорска репрезентација на Македонија пристигнаа во Египет и веќе се сместени во хотелот каде што ќе ја минат првата ноќ до дознавањето на резултатите од ПЦР тестовите, пренесува 24 ракомет.

На првите брзи тестови направени во автобусот веднаш после симнувањето од авионот сите членови на експедицијата од Македонија се негативни што е секако одлично и ќе може без проблеми да се стартува Мундијалот.

Иако првите резултати се негативни, сепак, ракометарите мора да бидат во карантин до утре наутро. Во 10 часот е закажан тренингот така што тогаш ќе можат да ги напуштат хотелските соби.

Се очекува да нема никакви дополните проблеми и да може нормално да се работи во текот на утрешниот ден и да се дочека првиот дуел на шампионатот против селекцијата на Шведска.

Веќе е познато дека првиот натпревар се игра утревечер од 20:30 часот, па Македонија ја очекува голем предизвик на стартот на 27. Светско првенство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This