Рама замина за САД да моли за вакцина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека отпатувал во Соединетите држави со цел што побрзо да ја донесе вакцината против коронавирусот во Албанија.

Во објава на својот профил на Твитер, Рама изјави дека „ќе го премести секој камен така што вакцината против ковид-19 ќе пристигне во Албанија што е можно поскоро“, пренесува Косово на Интернет.

„Добивањето на вакцината што е можно побрзо е приоритет на нашата борба против невидливиот непријател. Јас сум на пат кон САД“, напиша Рама.

Албанскиот министер за здравство и социјална помош Огерта Манастирлиу претходно изјави дека владата преговара со неколку компании за навреме да се обезбеди вакцината ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This