Трет ден нacилни пpoтести во Албанија поради yбиcтвото на Клавдиј Раша, полицијата со coлзавец и водени тoпови ја paстеруваше толпата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трет ден по ред се одржуваат протести во Тирана, поради убиството на Клодијан Раша, кој беше убиен од страна на полицаец. И денес дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, пренесува АП.

И покрај забраната за јавни собири воведена поради пандемијата, стотици демонстранти се собраа пред зградата на владата во Тирана, фрлајќи камења, факели и петарди кон полицајците. Полицијата одговори со солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Протестите, кои избувнаа денес во другите албански градови, следеа откако полицаецот Невалдо Хајдарај во раните утрински часови во вторникот пукаше и го уби 25-годишниот Клодијан Раша, бидејќи тој не одговори на полициското барање да запре во текот на ноќниот полициски час.

Судот во Тирана порано денес објави дека Хајдарај ќе остане во притвор додека е под истрага за убиство поради прекумерна употреба на сила.

За време на првите два дена од протестот, полицијата уапси 62 лица, а обвинение е поднесено против вкупно 116 лица, за одржување протести за време на пандемијата, како и за палење пожари и нарушување на јавниот ред и мир.

Властите соопштија дека во протестите биле повредени 21 полицаец и четворица демонстранти.

Протестите доведоа до тензии меѓу социјалистичката влада и главната десноцентристичка опозициска партија, Демократската партија, која побара оставка од премиерот Еди Рама.

Рама ја обвини опозицијата за поттикнување на насилни протести, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This