Растат тeнзиите во Цетиње: Бeзбедноста се следи од минута во минута, жените и децата го напуштaaт градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на Центарот за безбедност на Црна гора Далибор Шабан оцени дека безбедноста во градот се следи од минута во минута и дека „тензиите и поттикнувачката вербална реторика се повеќе и повеќе се присутни“ пред најавеното востоличување на Митрополитот на Српската православна црква (СПЦ) ) Јоаникие закажано за 5 септември, пренесува телевизијата Н1.

„Шабан изјавил дека полицајците и останатите припадници на службите кои се грижат за јавниот ред и мир се подготвуваат за спречување на евентуални инциденти за време на црквениот чин

Тензиите ексалираа поради најавеното устоличување во Цетиње на српскиот митрополит на кое остро се противат црногорските национални организации, здруженија и речиси сите опозициски парламентарни партии, и кои најавуваат протест од граѓаните.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, исто така, го најави своето присуство на протестот поради устоличувањето во Цетиње. Се очекува за време на црквениот чин да се соберат голем број граѓани на Цетиње.

Црногорските медиуми пренесуваат дека, болницата во Цетиње наредила сите пациенти чија состојба е стабилна и дозволува, да бидат отпуштени од болницата, а исто така во болниците да се примаат само итни случаи

Агенцијата Бета, исто така, дознава дека некои луѓе од Цетиње ги исратиле своите жени и деца во некои од другите градови во Црна Гора за викенд од страв за нивната безбедност.

За утре е закажана седница на Советот за безбедност на Црна Гора на која ќе присуствува и премиерот Здравко Кривокапиќ, кој во моментов е на домашно лекување, бидејќи не се чувствува добро.

Но, претседателот на парламентот на Црна гора и лидерот на демократите, Алекса Бешиќ, има коронавирус, поради што тој нема да може да ја води седницата

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, претходно најави дека нема да присуствува на устоличувањето на митрополитот Јоаникије (Мишовиќ) во Цетиње, неисклучувајќи и воведување евентуална забрана за овој настан доколку се процени дека ризиците претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните.

Востоличувањето на митрополитот Јоаникиј беше објавено во присуство на други архиереи на Српската православна црква на чело со патријархот Порфириј.

Црногорско- приморската Митрополија на Српската православна црква претходно се откажаа од носењето на верниците на Цетиње за време на устоличувањето, со цел да се избегнат евентуални инциденти и судури со веќе најавениот протест организиран од владеачката гарнитура блиска до престедателот Ѓукановиќ

Црногорско-приморската Митрополија најави одржување на голема церемонија во Подгорица на 4 септември во црквата Христово Воскресение. Најавено е присуство на илјадници верници, богата културна и забавна програма, а подготовките се во тек.

Се смета дека токму оваа церемонија ќе покаже дали зголемените тензии ќе ескалираат ден покасно, кога е закажано и востоличувањето на Српскиот Митрополит на Цетиње

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This