РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖPTBИ И ЗAPAЗЕНИ: Уште 89 лица пoчинaa во Кина од кopoнавирусот, вкупната бројка на пoчинaти сега изнесува 811

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на жртвите на коронавирусот во континентална Кина достигна 811, а само вчера биле регистрирани нови 89 смртни случаи, пренесоа светските агенции, цитирајќи ја Националната здравствена комисија.

Вчера беа потврдени и 2.656 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 37.198 лица, пренесоа агенциите.

Од посочените 89 нови смртни случаи во текот на последните 24 часа, 81 лице биле жители на провинција Хубеи, каде е епицентарот на заразата. А од вкупниот број (811) на досега загинати, 780, исто така, потенувале од оваа провинција, каде има вкупно 27.100 заразени.

Со последните потврдени податоци бројот на жртвите од новиот коронавирус го надмина бројот на жртвите од Тешкиот остар респираторен синдром (ТОРС) од 2002-2003 година, забележа ДПА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This