Расте евроскептицизмот во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Евроскептицизмот се по доминантен во размислувањата на македонските граѓани, покажале истражувањата на Евротинк, спореведени на неколку фокусни групи. Ова пред се се должи што Македонија премногу долго чека пред вратата на Унијата, како земја кандидат за членство.

-Гледаме дека има се поголемо разочарување особено по однос на евроинтегративните процеси и почнува да се наѕира некакво барање за некакакви алтернативи. За среќа тоа се уште се некои алтернативи кои можеме да ги вброиме во некаква либерална демократија, што значи дека тие алтернативи и наративи кои се не либерални се уште не се популатни во државата –изјави Димитар Николовски, извршен директор на ЕВРОТИНК

Високи претставници на ЕУ, кои два дена се во посета на нашата земја испратија порака да останеме на патот кој води кон Унијата, но Николовски смета дека тоа не е доволно.

-Не очекувам дека ќе понудат некое решение за нај главниот проблем кој го имаме- додаде Николовски

Италија е една од земјите основачи на европскиот проект, меѓутоа иако земјата го поддржува проширувањето, опаѓа социјалната поддршка.

-Имаме доста силен евроскептицизам. Италија го прифаќа проширувањето со нови членки, но многу поважно прашање во мојата земја сега е, колку граѓанското општество се уште верува во целокупниот концепт на Унијата, бидејќи ние како социјални научни работници сметаме дека, не постои можност за реализација на некој институционален процес, доколку граѓанското општество не даде поткрепа, не се интегрира и не се посвети на овој проект, изјави проф. Мануела Кајани, факултет за политички науки и социологија- Фиренца, Италија.

Според Кајани, иднината на ЕУ во многу ќе зависи од тоа како во следните неколку години ќе успее да ја менаџира кризата, зашто пандемијата предизвика штети во многу општествени сектори.

Извор: Сител

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This