Расцеп во СДСМ: „Функционерите нè измамија и ни плукнаа во лице, три години нè лажеа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расцеп во СДСМ, револт во месниот огранок на СДСМ Подгорци.

Од таму порачуваат: „Функционерите нè измамија и ни плукнаа во лице, три години нè лажеа“.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Во времето на шарените, никогаш непомислив дека може да дојде до ова, но како наближуваат изборите се осеќам засегнат од честите прашања на моите сограѓани па да разјаснам некои случувања во месниот огранок на СДСМ Подгорци.

Се осеќам должен да им одговорам бидејќи тие се истите оние граѓани кои заедно со мене, во еден тежок и чуствителен период многу храбро застанаа на една страна која ветуваше борба бротив злото и надеж за подобра иднина, правда, ред и поредок и дека животот ќе го почуствува и нашето Подгорци.

Во цел тој период нескриено нашата месна организација соработуваше добро со општинската организација, во добра комуникација и договори и притоа бевме пофалувани за најдобра организација на ниво на општината и пошироко.

На денот на изборите, како и што се очекуваше, подгорчани со пенкало ја дадоа подршката на СДСМ со најголем број на гласови во цела општина. Но, исто така, подршката ја дадовме и на општинската организација, оние истите за кои бевме добри домаќини, најмасовно и најљубезно ги пречекувавме, а се со надеж дека ќе се залагаат за нас и нашето Подгорци.

После завршување на изборите, откако нашите политички преставници ги зазедоа своите удобни столици, конечно си помисливме дека Подгорци и подгорчани ќе имаат активно учество, но не во борба за власт, туку во подобрување на условите за живот (ќе може да дојде до својата прочистителна станица, спортски објект, асфалтиран пат а зошто и не модерна амбуланта и ред други работи). Сметавме дека Подгорци е зрело и полно со интелектуалци кои можат да се вреднуваат, вработуваат и да придонесат кон развивање на Подгорци, општината но и нашата држава и дека конечно ќе престанеме да бидеме граѓани од втор ред.

Будно ги следевме случувањата во општинската организација и кога дојде првиот момент да се определуваат членови за советот на Општина Струга, баравме наш член да биде дел од советот, со што би биле во можност да носиме одлуки за нашето село.Нашите гласови секако дека го заслужуваат тоа.

На ваквото наше барање ни беше возвратено многу дрско, дека тука ние несмее да се мешаме и дека ќе прават како што тие сакаат, без воопшто да ги слушнат нашите аргументи.
При носење на кадровски решенија во државните институции во Струга нашите интелектуалци беа тотално избришани од нивниот избор. Подгорци располага со интелектуалци кои можат да се носат со одговорностите и кои ќе им служеа на своите граѓани а немаше да се борат само за сопствените интереси. Истите тие интелектуалци кои со своето учество во тој концепт ја жртвуваа својата репутација кои долго и со сопствена жртва ја граделе, беа максимално занемарени и обезвреднети.

Ние упорно укажувавме на погрешноста на таквите одлуки но за возврат добивавме груби одговори или спуштена слушалка.

Активистите кои целосно се вложија во тој изборен процес, често преку мене имаа барања до лакалните функционери, некои за внимание и разговор, некои за совет, некои за асфалтирање на уличка и др.ситни работи кои чесните граѓани ги заслужуваа. Кога сакав да ги пренесам овие барања, повторно истата агресија и дрскост. Притисокот кој го трпев, од една страна членовите кои си имаа право за побарувања а од друга страна струшките функционери на кои воопшто баш им беше гајле.

Не вродија со плод нашите обиди за отпор на ваквото функционирање туку напротив со цела офанзива не обезвреднуваа и умаловажуваа. Отпорот, правдата и вистината за која се боревме сега веќе нив не им се допаѓаше.

Со еден збор тие го измамија и му плукнаа влице на цел еден народ кој се бореше за напредок, правда, ред и поредок. Но тие забораваа дека му наштетуваат и злоупотребуваат еден народ кој живее за чест и достоинство и кој се што изградил го направил со сопствена рака и пот. Помислија дека сме слични на нив, па за ситни и сопствени интереси ќе трпиме неправди. Потценија интелектуалци, вредни работници, пензионери и една перспективна младина која на овој или оној начин ќе продолжи да се остварува, расте и придонесува за опшеството.

Ќе остане зебележано во историјата дека пак за нив сме граѓани од втор ред, и дека тие се оние кои сакаа да не поделат на “наши и ваши“.

А Подгорци ќе созрева и пак активно ќе ги следи и учествува во политичките случувања, но овој пат мудро ќе ги носи своите одлуки поучени од болното минато.
Како што лабуништани знаат добро да кажат,, Па не сме ѕид да не се свртиме,,. Овој пат знаеме ние како со вас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This