РЕАКЦИЈА НА ЧАДИКОВСКИ ЗА ПPECУДАТА ЗА МИТОВСКИ: Јавниот интерес е пред се, обвинитeлcтвото наместо да го пронајде кpтот го ocуди оној кој ги објавил информациите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соогласно Уставот на Република Македонија, односно член 16 „се гарантира правото на заштита на изворот на информација во средствата за јавно информирање, а цензурата е забранета“. Токму во духот на овој член од Уставот на Македонија и кодексите на сите еснафски здруженија Инфомакс ја информира македонската јавност.

Сепак денеска спроитвно на Уставот и на законите на државата, судот пресуди 6 месеци затвор за главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски по што следуваше низа на жестоки реакции во јавноста.

На денешната пресуда реагираше и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски . Тој истакна дека овој процес и ваквата пресуда не води кон подобрување на климата во општеството и деека јавниот интерес е пред се.

-И кога беше поднесена пријавата и сега сметам дека гонењето врз основа на искажан збор не води кон подобра клима во општеството. Свесен за улогата и одговорноста на новинарите при вакви сензибилни теми, па дури и кога постојат индиции за прекршување на законите, сметам дека мора да се води сметка за поширокиот јавен интерес.  Од друга страна останува нејасно зошто обвинителството не го пронајде кртот кој ги украл исказите од таму, па единствен виновник се бара во тој што ги објавил, вели Чадиковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This