Резултати од пописот ќе има кон кpaјот на следната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подготовките за пописот почнаа одамна, бидејќи попис не се подготвува за месец, два, или година дена, туку подолг временски период. Веќе долго време се подготвуваме, соопшти денеска Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика на панел дискусијата „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“, во организација на ЦИВИЛ.

Тој се надева дека законот за попис ќе биде изгласан во Парламентот и ќе нема никакви спротивности, бидејќи, како што рече, ова е операција која треба да донесе бенефит на граѓаните во државата.

– Ние финишираме со подготовките од технички аспект. Овој попис ќе биде специфичен, нема да биде на оној традиционален начин, ќе користиме комбиниран метод, соопшти Симовски, додавајќи дека за разлика од претходните години, ќе има електронски прашалници на лаптопи и ќе има комуникација со бази од каде автоматски ќе се преземаат податоците и ќе се надополнуваат од терен.

Според него, овој начин дава голем квалитет на пописот и го крати времето на спроведувањето. Најважно, како што додаде, е тоа што дава најбрзо резултати.

– Со претходните, година и половина ни беше најбрзото обработување, сега, како што стои во законот, треба по шест месеци да излеземе со податоците, посочи Симовски.

Поранешниот директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски кој учествуваше на панел дискусијата рече дека начинот на кој ќе се спроведе пописот е новост за државата. Државниот завод за статистика, како што посочи тој, се труди да постигне високи резултати за да се добијат податоци што побрзо.

– Во пописот многу е важно како се вршат подготовките за организацијата и како се спроведуваат податоците на терен. Ќе биде се најдобро ако ние сме послушни и ги почитуваме законите, а квалитетот на податоците ќе ги задоволат потребите на држaвата, оцени Герасимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This