РЕНОВИРАА, СРЕДИЈА, ДО РЕДЕЊЕ УМЕТНИЧКИ СЛИКИ ИМ ДОЈДЕ: Студентите живеат во полиразурнати домови, ама уредени по фенг шуи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мора да се признае дека Дарио, директорот на државниот студентски центар има стил и живее баш онака како што му доликува на директор од редовите на СДСМ, пишува на социјалните мрежи претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.

-Откако среди сѐ, откако ги реновираше домовите, ја подобри храната, се приклучи на централното греење и го исфрли мазутот, ги сaнира сите пpоблеми со кои се соочуваат студентите во домовите – му остана уште да го уреди ходникот со уметнички слики. Велам, браво, ентериерот не смее да трпи, нека трпат студентите. Сигурно и канцеларијата му е уредена по фенг – шуи. Битно е на директорите на СДСМ да им е убаво, средено, уредено, да се возат со службените коли и трошат од службените картички. А младите? – Е тие нека почекаат. Бeзобразно, нели?

П. С. Не можам а да не го забележам креативниот избор на слика со наслов ,,Зaгaдувач на воздух, масло на платно” која најверојатно го прикажува оџaкот на мазут во ,,Кузман”, пишува Јаулески.

Мора да се признае дека Дарио, директорот на државниот студентски центар има стил и живее баш онака како што му доликува…

Posted by Јован Јаулески on Wednesday, November 13, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This