РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА ДЕПОНИЈА: Европската унија ни обезбеди 40 милиони евра за изградба на депонии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјални претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија најавија проект за изградба на регионални депонии ширум земјата во склад со европските стандарди, кои би биле финансирани од фондовите на Европската унија


Заменик министерот Јани Макрадули рекол дека очекува наскоро да биде објавен тендерот за првата од овие регионални депонии во североисточниот дел на земјата – во Свети Николе. Макрадули прецизираше дека за тој проект ќе бидат обезбедени 38.5 милиони евра од ИПА фондовите на Европската унија.

Македонија во своите осум региони има само една регионална депонија – Дрисла во Скопје – која е регистрирана за преработка и отстранување на опасен отпад и собирање, третман и одлагање на опасен отпад. Во другите региони депониите се привремени или непрописни.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Македонија, во земјата постојат вкупно 54 активни контролирани општински депонии, поделени на депонии од висок, среден и низок ризик, како и 270 неконтролирани депони во скопскиот регион со околу 5.512 кубни метри отпад.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија во 2016. година се собрани 610.227 тони комунален отпад.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This