April 27, 2024, 10:55 pm

Рестpиkции за паcоши – нема бpза постапка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За последните 4 000 пасоши ќе има рестрикции за издавање. Времено се укинува итната постапка. Предност ќе имаат оние со ургентни потреби – медицински или професионални. Тоа ќе биде рецептот по кој МВР ќе ги издава последните околу 4 000 преостанати патни исправи пред да дојде новата пратка планирана за 24 март.

Новата методологија ќе ја утврдува врвот на министерството и оној техничко-политички и оној професионален-полициски на состанок утре, откако владата не го прифати барањето на министерот Наќе Чулев да се формира работна група за надминување на пасошката криза. Задолжени се министерот и МВР сами да најдат решение, а од друга страна преку телфонски јавувања до германската фирма Веридос и до кабинетот на кацеларката Ангела Меркел ќе се бара побрза испорака на доцна нарачаните пасоши.

Во моментот над 16 илјади граѓани веќе поднеле апликација и се сликале за нов пасош, но има 4 пати помалку обрасци за нови патни исправи, па МВР ќе мора да направи ред кој ќе важи до крајот на март.

Неколку категории граѓани имаат потреба од замена на нови пасоши како што се превозници, спортисти, луѓе со здравствени проблеми, како и функционери, универзитетски професори и експерти кои патуваат на конгреси и конференции, а тука спаѓаат и луѓе кои работат во странство и се вратиле дома за да извадат нови документи.

Во информацијата која е доставена до владата од министерот Чулев стоело и дека до пасошката криза настанало поради пропусти во планирањето и во магацинското работење, како и поради нераспишан нов меѓународен тендер за набавка на обрасци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This