РЕФЕРЕНДУМСКИ КАРАВАН ВО СКОПЈЕ: Црна Гора бара референдум, опозицијата на турнеја низ Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познато е дека под притисок на Западните сили, и геополитичкото позиционирање пред се на САД, Црна Гора се наоѓа пред историско прашање. Поточно, Црна Гора се наоѓа пред редица историски важни прашања, имајќи ја во предвид огромната поделеност помеѓу граѓаните, притисокот кој го трпат од Косово поради демаркацијата на границата, рекордната сиромаштија и невработеност

kravan

Група борци за слобода на избор од Црна Гора, на чело со младиот и просперитетен политичар Марко Милачиќ се одлучија да започнат со иницијатива, за како што велат најважното прашање на нивната генерација.

Црна Гора насилно беше втурната во лавиринтот на НАТО, иако граѓаните се погласно се спротивставуваат на оваа идеја, и бараат воена неутралност на земјата.

Опозицијата во Црна Гора, но и 84% од граѓаните бараат власта да организира референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат дали се за или против влез на земјата во НАТО. Иако, референдумот се смета за највисока форма на изразување на демократијата, властите во Подгорица одбиваат организрање на таков референдум, свесни дека нацијата е против оваа идеја.
kombe_karavan

Марко Милачиќ и неговите соборци организираа т.н. „Референдумски караван за Црна Гора“ кој ќе помине низ 9 држави, за 12 дена. Почнувајќи од Подгорица, Косовска Митровица, денес екипата млади политичари го посетија Скопје.

Според нив, ратификацијата на пристапниот протокол за влез на Црна Гора во НАТО од страна на земјите членки, поддржани од неизбраниот праламентарен состав од Црна Гора, заробените институции и криминално-политичките структури кои со тоа ги штитат исклучиво личните интереси и незаконски стекнатиот имот, не е ништо друго освен правно-политичка агресија на НАТО.

Како што велат од инцицијативата, во последно време меѓународните извештаи за напредокот на Црна Гора се „однапред усвоени и политизирани, а вистинските и силни проблеми на терен во овие извештаи се вметнати само како козметички додаток, а гласот на обичните граѓани е потполно задушен, скршен и занемарен“.

На овој начин, иницијативата ја разобличува стварноста за лицемерието на Западните меѓународни организации и сили, кои согласно нивните тесни интереси во геополитичката битка, не бираат начин да погазат една цела нација. Преку овој пример, станува јасно дека меѓународните извештаи не се ништо повеќе од обично ливче хартија, која ниту ги пресликува реалните состојби во една земја, ниту има за цел подобрување на реалноста, туку се користи само како алатка за уценување или наградување на одредени политички елити во поединечни земји, кои потоа можат да се пофалат пред своите гласачи со некаков „напредок“.

И обратно, доколку Западот сака да направи некои промени ги користи овие алатки па им доделува „материјал“ на опозициските структури кои потоа ги користат тие т.н. „извештаи“ за политички да поентираат. За реалноста, воопшто не станува збор.

Од Скопје, Марко Милачиќ побара поддршка од Македонскиот народ во нивната борба, а ветија поддршка за братскиот народ.

Повеќе за иницијативата „Референдумски Караван“ во емисијата на Миленко Неделковски.

 

 

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This