РЕФЕРЕНДУМСКИ ПРИТИСОЦИ: Дали власта започна со притисоци за референдумот, први на удар вработените во комуналец?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До нашата редакција стигнаа поплаки дека оваа недела договорците кои биле вработени во Комунална Хигиена на град Скопје и на кој не им е продолжен договорот, одговорните ги повикале неколкумина претходно ангажирани со ветување дека доколку гласаат на престојниот референдум, и го поддржат договорот истите веднаш ќе бидат вратени на работа


Како дополнитело ветување им било дадено дека доколку успее референдумот тие ќе бидат трајно вработени.

Се работи за неколкумина претходно ангажирани од Шуто Оризари, но има такви и од други општини од градот Скопје.

Ваквите информации беа негирани од страна на менаџменот во Комунална Хигиена, но сведоштвата говорат сосема друго.

Се поставува дилемата дали власта планира фер и демократски референдум или ќе има реприза на нерегуларностите забележани на претходните изборни циклуси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This