Речиси 1200 новозаразени денес, во Скопје регистрирани половина од новозаразените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија се соочува со најцрниот ден од почетокт на епидемијата на коронавирус во Македонија. Ако вчера имавме 24 починати, денеска имаме нов рекорден број на новозаразени. Неофицијално денешната бројка изнесува 1193 новозаразени од кои 571 новозаразени се регистрирани во Скопје.

Во вакви услови очигледно е дека нема услови за одржување на предвремени локални избори во Штип, a токму денес ја имавме и првата партија во Македонија која најави дека нема да учествува на изборите/

Како општествено одговорна партија, иако сме јавно предизвикувани да учествуваме на изборите, нашиот единствен одговор е „не“, велат од партијата Глас за Македонија на Солза Грчева.

„Бројките на заразени, а посебно смртноста се меѓу највисоките во Европа. Болничките капацитети се полни, здравствените работници се на работ на издржливост. Влегуваме во нова, можеби најопасна фаза на пандемијата кога во целиот свет се воведува целосно или делумно затворање на цели региони, кога секој доктор и медицинска сестра се ставаат во функција на здравството. А кај нас се најавени избори, кои не мораа и не смеат да се случат“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата на Грчева ги повикуваат министерот Филипче и Комисијата за заразни болести да не потклекнуваат по вторпат пред политиката и да не дадат, како што велат, виза за оваа масовна операција.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This