Речиси 18 илјади сдсмовци помалку се регистрираа за овие избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ одлучи во недела да може да гласа секој што има електронска членска картичка, пренесува Фокус.

Согласно Правилникот за постапката и роковникот активно се регистрирале 51.228 членови на СДСМ за гласање на вторите непосредни внатрепартиски избори за лидер на партијата.

Од СДСМ информираат дека пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови и поради тоа, како и поради кратките рокови, донесена е одлука во недела да може да гласа секој што има електронска членска картичка.

Од овие причини, имајќи го предвид краткиот временски рок за активна регистрација, но и интересот на членовите на СДСМ, Централната изборна комисија донесе одлука да им се овозможи на сите членови кои поседуваат електронска членска картичка да може да се регистрираат на самото гласачко место и да гласаат на вонредните внатрепартиските избори, велат од СДСМ.

На минатите внатрепартиски избори кои се одржаа во март годинава, регистрирани беа вкупно 68.999 членови. Ова значи дека за овие избори се регистрирале 17.771 членови помалку во споредба со минатите избори.

Извор: Фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This