РЕШЕТЕ ЈА ДИЛЕМАТА: Еве што да направите со старата светена вода кога ќе земете нова светена вода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема е дилемата меѓу верниците околу тоа колку долго можат да ја чуваат Светата вода, што треба да се прави со старата кога ќе стигне новата и за што воопшто служи осветената вода. Еве ги одговорите…osvetuvanje_voda

Широка е употребата на осветената вода. Таа се користи при многу црковни ритуали. Така, осветената вода се користи при осветување на храмови, домови, споменици и разни предмети кои му служат на човекот или кои тој ги користи.

Во светата тајна на Крштевањето, осветената вода станува „вода на чистење, бања за препородување, извор на живот“, во која крстеното лице се раѓа со „водата и Духот“ за новата стварност на Небесното Царство.

Осветувањето на водата има свое потекло во првите векови на христијанството, за што сведочат и древните пишани извори.

И покрај својата древност, во почетокот не постоело точно определено правило како се врши осветување на водата. Постоела извесна разлика во тие обреди. Но, за сите нив е заедничко дека осветувањето на водата се извршува со помош на одредени молитви, повикувањето на Светиот Дух, како и благословување на Светиот Крст, што и денес се елементите на секое осветување на водата.

Денес се познати две осветувања за вода: големо и мало. Големото осветување се врши два пати во годината (на Крстовден и на Богојавление), во кое Црквата гледа не само на начин за „измивање на гревовите“, туку и вистинско осветување на природната вода со кое се симболично се пренесува Бог во водата.

Тоа е свечен обред на кој присуствуваат многу луѓе, кои осветената вода ја носат во своите домови, бидејќи таа Света вода се чува во домовите преку цела година, а се користи само во голема нужда (болести, при вознемирување на зли духови). Во некои краеви, постои обичај свештениците да носат Света вода по домовите на верниците.

Осветувањето на водата се врши во различни прилики, при други црковни чинови и обреди, па и на барање на верниците. Според потреба, може да се врши мало осветување на водата во секое време и на секое место: во куќата, во полето, во дворот итн.

Постои традиција и свештеникот во текот на годината два пати да ги посети домовите на своите верници заради извршување на процесот на осветување на водата и тоа неколку дена пред Крстовден и пред Велигден. Со доаѓањето на свештеникот во домот и осветувањето на водата, благодетот на Бога влегува во домот. Затоа што, по завршувањето на чинот на осветувањето на водата, свештеникот ги благословува сите делови од домот, како и сите присутни деца, при што тие го бакнуваат Светиот Крст и десната рака на свештеникот.

Тоа осветување на водата не е само обичај, туку потреба на самите верници кои чувствуваат дека треба да бидат „прочистени“ со својствата на Светата вода. Кај православните народи од регионот, има доста семејства кои бараат од своите свештеници редовно секој месец да доаѓаат и да вршат осветување на водата во нивните домови.

-Колку долго може да се чува Светата вода, посебно кога се осветува на Богојавление и Велигден? Што да се прави со старата вода?

Светата вода, посебно онаа од Богојавление (која верниците најмногу ја носат во своите домови), може да се чува неограничено. Колку долго и да ја чуваат, таа не ја губи својот благодат, ниту е подложна на „расипување“. Постојат семејства кои по триесет години ја чуваат водата. Но, одговорот на прашањето за тоа дали треба да се чува старата вода кога ќе се донесе нова – е дека нема пишано правило за тоа. Но, затоа пак постои народно верување и обичај кој Црквата го има усвоено.

По тоа народно предание, а сега и по црковното предание, доколку целото количество на Богојавленската вода не се истроши во текот на годината, тогаш остатокот се истура во бунар, во река или во цвеќиња кога ќе стигне новата вода.

Во секој случај, таму каде што нема да се изложи на газење или обесветување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This