Реши да го ожени кандидатот: Сања стана стројник во „Брза кујна“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку сезони по ред имаме прилика да го гледаме кулунарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија, а од тогаш многу работи се променија. Во првата сезона имавме една водителка Билјана Максимовска, па се промени и на нејзино место дојде Александра Илиевска, минатата сезона покрај Марк и Никола имавме уште двајца други готвачи, а од оваа сезона повторно имаме нова водителка.

Откако започна новата сезона многумина се прашуваа на што се должи промената, а набрзо потоа јавноста дозна дека Александра го очекува своето дете, кое веќе пристигна на овој свет, па за тоа сега, за „Брза кујна“, трета среќа е Сања Савевска, која дојде од ТВ 24. Сања е добро познато лице на гледачите, и веднаш им прирасна за срце.

Според Сања, ТВ водителот треба да биде секогаш за се добро информиран, да умее убаво да говори, да има правилен изговор на зборовите и да чита многу.

„Луѓето сметаат дека за оваа работа е потребен само добар изглед и имиџ, па посегнуваат кон покривање на недостатоците.

Затоа, на крајот сите се слични едни на други, со лоша дикција и недоволно подготвени за интервјуата. Уникатноста и природниот изглед, шармот, харизмата и знаењето ги покриваат сите недостатоци“, изјави Сања претходно за „Точка“.

Таа е една од ретките наши водителки кои имаат земено изјава од Новак Ѓоковиќ, и изјави дека цел живот ја чекала. Сања е хумана, и многу сака да им помага на луѓето. Еден од нејзините омилени ликови за инетервју е малиот херој Јане Велковски.

Сања е во врска со Томи, кој е вљубеник во мотори, а таа вели дека е девојка која никогаш не би се качила на мотор. Но, за љубов на својот сакан, Сања го надмина и стравот од мотори. Се за љубов! За возврат, тој со неа оди на театарски претстави.

Засега на Сања одлично и оди со Марк и Никола, но освен за Тв водителство, новинарство и за готвење ја бива и за други нешта, а тоа е улогата на стројник.

Пред неколку недели во емисијата, во тимот на Марк се натпреваруваше Константин. „Татко на четири деца, женет?“, го праша Сања. „Не, не сум женет“, одговори натпреварувачот.
Потоа Сања го претстави како грижлив татко, но и како одличен домаќин. „Ајде, покажи се во кујната, па ќе те жениме“, рече Сања.

Кон овие муабети потоа се приклучи и готвалт Марк кој цело време низ разгововорот провлекуваше дека Константин готви за женската публика.

На крајот, тој го победи своот противник, жирито одлучи дека неговиот рецепт е подобар. Константин доби подароци, а Сања рече дека е надева на тоа дека оваа емисија и вештината во кујната ќе му помогнат повторно да се ожени, и тоа што поскоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This