Kpивични пpиjaви зa двe лицa: He ги пoчитyвaлe здpaвcтвeните пpoписи зa вpeмe нa пaндeмиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дебарското одделение за внатрешни работи против Е.С.(20) од Дебар и правно лице со седиште во градот поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и непостапување според здравствени прописи за врема на епидемија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него при контрола извршена на 9-ти минатиот месец полициски службеници и овластени лица од Државниот пазарен инспекторат констатирале дека Е.С. како одговорно лице свесно дозволил работа на објект за угостителска дејност после 18 часот, каде биле затекнати осум гости.

-Исто така таблата со натпис на фирмата, неовластено била преместена и поставена на различна локација од постојната, внесена во Централниот регистар. Со тоа, постапиле спротивно на одлуките, одредбите, безбедносните протоколи и превентивните препораки за работа на угостителските објекти и другите мерки за заштита на населението од заразната болест Ковид-19, додаде Димоски.

Повикувајќи се на статистичките податоци во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР – Дебар полциските службеници констатирале осум прекршоци за неносење лична заштита на лицето, за што се здадени прекршочни платни налози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This