Реџепи: Доколку не добиеме датум, Алтернатива сериозно треба да се преиспита за учеството во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скендер Реџепи-Зејд прв од потписниците на иницијативата за интерпелација на Владата на Зоран Заев, го заниша и бродот на кој тукушто се качи неговата партија Алтернатива.

Според информациите, може да се очекува земјава да добие датум за преговори до крајот на декември, но и за тоа можноста е мала. Сепак, останува јануарската опција со која ќе дојде и новата влада. Доколку тоа не се случи, Алтернатива треба сериозно да се преиспита во однос на креирањето политики како дел од Владата, изјави Реџепи за весникот на албански јазик „Лајм“.

Мора да се размисли! Сериозно велам. Јас ќе бидам тој што ќе го крене мојот глас, затоа што тоа е една од клучните точки и ако се види дека тоа е малку веројатно, тоа треба да биде дел од разговорите за да видиме што понатаму, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This