Се сомневаат дека еден пратеник е „купен“: Црногорската опозиција не собра доволно гласови за гласање доверба на владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црногорската опозиција се повлече непосредно пред почетокот на седницата за изјаснување за доверба на владата на Црна Гора, иако претходно тврдеше дека ќе имаат доволно гласови за да ја урнат владата на премиерот Здравко Кривокапиќ.
Како причина за повлекувањето ја наведоа иницијативата на владејачкиот просрпски Демократски фронт, кој во саботата најави дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на актуелниот состав на собранието за вонредни парламентарни избори да се одржат на пролет.

Демократскиот фронт е составен дел на сегашното владејачко мнозинство, но од почетокот се противат на експертската влада на Кривокапиќ, тврдејќи дека во неа треба да бидат политичари од тој политички сојуз, а неретко поддршката на владините предлози во парламентот го условуваат со позиционирање свои членови во телата на власта.

„Сметаме дека, без одложување, треба да се почнат разговори за формирање ново парламентарно мнозинство“, се наведува во заедничкото соопштение на опозицијата, која, како што наведуваат, е уверена дека со создавање ново парламентарно мнозинство ќе бидат создадени неопходните услови за пад на владата.

„Од таа причина ја повлекуваме иницијативата за изгласување недоверба на владата на Црна Гора“, соопшти опозицијата.

Во предлогот за разрешување на владата, кој во црногорскиот парламент на крајот на ноември го доставија пратениците на Демократската партија на социјалистите, албанските национални партии, Бошњачката партија, СДП и Социјалдемократите, се наведува дека Црна Гора под оваа влада е доведена во најголемата политичка и институционална криза од воведувањето на повеќепартискиот систем. На тоа најмногу придонела ситуацијата поврзана со статусот на Српската православна црква за која тврдат дека ја контролира црногорската влада.

За уривање на владата на опозицијата ѝ требаше само еден глас од пратениците на владејачките партии, а со недели пред седницата се шпекулираше дека за „златниот глас“ се нуделе и неколку десетици милиони евра.

Во политичките кругови претходно се спомнуваше можноста за формирање малцинска влада која би ја поддржале пратениците на УРА на Дритан Абазовиќ, кои се сега дел од владејачкото мнозинство, во која не би учествувал ДПС на Мило Ѓукановиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This