Реџепи потврди: Го прифаќам предизвикот на Мицевски, ќе гласам пpoтив Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи потврди за „Слободен печат“ дека го прифаќа предизвикот на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски, преку нова иницијатива за гласање доверба на Владата на која нема да биде Левица, да гласа да падне Владата на Зоран Заев.

– Начелно го прифаќам предизвикот на Мицевски, утре претседателството на Алтернатива ќе ја донесе конечната одлука – вели Реџепи.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, денеска јавно го повика Реџепи да избере 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со него ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ.

Според Реџепи, најверојатно понудата на Мицевски ќе биде прифатена од Алтернатива, односно ќе се подготви нова иницијатива за гласање на доверба на Владата на кој ќе бидат потпишани сите пратеници на Алтернатива и на другите партии кои застанаа зад предлогот, освен Левица.

Реџепи вели дека со ова ќе паднат во вода сите информации дека тој бил “фатен” од ДУИ и од СДСМ. Според него, новата иницијатива ќе докаже дека тој и Алтернатива во ниту еден момент не се колебале дали треба да се гласа за да ја урнат Владата.

Тој објаснува дека ова нема да е пречка собраниската седница за доверба на Владата да се оддржи во петок, ден подоцна од првично закажаната за четврток, бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери има рок од три дена за да закаже седница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This