Ристески: Создади нова иднина – Македонски Брод ќе добие индустриска зона, ќе ги реконструираме улиците, ќе го решиме пpoблемот со кучињата ckитници и ќе отвориме дневен центар за лицата со посебни потреби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Затоа ветувам дека јас како менаџер на општината секоја недела еден ден во неделата своите работни активности ќе ги извршувам од Општинската зграда во Самоков, само така локалната самоуправа ќе ја направиме поблиска до граѓаните и сервис на граѓаните, вели Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод на вечерашниот митинг пред граѓаните.

Ристески вети и враќање на општинските линиски превози од секое населено место, субвенционирани со средства од локалниот буџет.

Исто така ветувам ќе го воспоставиме општинскиот линиски превоз од секое населено место а истиот ќе го субвенцонираме со средства од локалниот буџет, секој граѓанин да може да стигне до градот, рече тој.

Индустриската зона на Барбарос мора да стане реалност со што ќе овозможиме можност за отворање на нови вработувања, а со тоа младите ќе останат тука. Со проектот урбанизација на руралните средини ќе овозможиме развој на сточарството, но мора да го помогниме и пчеларството и руралниот туризам. Прочистителните станици во Самоков и Македонски Брод мора да се стават во функција затоа што приматот на најеколошка општина. Но не смее и не треба да го заборавиме поречието: село Бенче, село Рамне, Вир, село Здуње и Близанско ќе добијат асфалтни патишта.

Викенд населбите повеќе нема да се соочуваат со недостаток на вода а водоводни системи ќе добијат и Црешнево, Сланско Крапа, Локвица, Вир Лупште. Фекална канализација ќе добијат Брест Црешенво Девич. Во Македонски Брод ул.Васко Кранѓелески, Илинденска, Кирил и Методиј , Сава Ковачевич ќе се реконструираат додека булеварот Маршал Тито, ул. Партизанска и Илија Игески Цветан ќе добијат нови реконструирани тротоари, а со тоа ќе ја зголемиме безбедноста на граѓаните, нагласи тој.

Ристески ја побара поддршката од граѓаните и вети решавање на проблемот со кучињата скитници, како и дневен центар за децата со посебни потреби.

Детскиот фестивал Распеано Бродче повторо ќе стане реалност, а Зградата Сарај ќе ја пренамениме во она што заслужува да биде, а тоа е музеј. Македонски Брод треба да добие дневен центар за лицата со посебни потреби, ќе посветиме внимание и ќе го решиме проблемот со бездомните кучиња, вети Ристески.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This