РКЕ: Граѓаните да не се исклучуваат поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Останува во сила препораката што пред две недели ја упативме до компаниите вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба поради пандемијата со Ковид 19, информира Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).


-Практично со ова известување сакам да им соопштам на граѓаните да бидат сигурни дека нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила. Во исто време сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ кои веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој периодот покажуваат солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This