РОБЕРТСОН МУ ПИША НА АХМЕТИ: Вашето лидерство беше од суштествено значење за постигнувањето на членството во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лорд Џорџ Робертсон, од името на Охридската група упати писмо со честитки до лидерот на ДУИ Али Ахмети по повод членството на Македонија во НАТО и одлуката за почнување преговори со ЕУ.

ber

– Ви пишувам на овој историски ден кога знамето на С Македонија гордо се вее пред седиштетео на НАТО во Брисел, да ви честитам Вам и на вашата партија за вашите напори за постигнување на овој ден за паметење. Сите во С Македонија кои имаа улога во доготрајниот процес кој доведе до овој ден треба да се пофалат за нивната издржливост и трпеливост во постигнувањето на огромниот чекор напред за вашата земја и Западот Балкан. Ние од Охридската група, пријатели на С Македонија сме горди што имавме мала улога во водството до денес. Затоа славиме со вас што вашата земја се приклучи на Алијансата, пишува Лорд Робертсон.

Секако, додава, ова не е единствената причина за честитките. – Одлуката на Европскиот совет да ги отвори преговорите за идното членство на земјата во ЕУ е исто така огромен чекор во вистинската насока за вашата земја. С Македонија, извонредна мултиетничка држава во срцето на местото што беше едно од светските проблеми во светот, сега заслужува – со свои напори, да биде дел од европскиот мејнстрим. Вашето лидерство низ годините беше од суштествено значење за постигнувањето на она што се случува денес и од име на Охридската група ви благодарам за тоа. Денеска ФИРОМ конечно умре. С Македонија сојузничка на НАТО живее, пишува Лорд Робертсон од Порт Елен, поранешен генерален секретар на НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This