Родителите на y6иeниoт Ангел Петковски: „Нитy eднa kaзнa нe мoжe дa ни гo нaдoмecти cинoт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родителите на Ангел Петковски, за чие што убиство денеска беше објавена пресудата од 13 години затвор за обвинетиот Насер Ештрефи, изјавија дека за нив како родители казната е многу мала и дека ништо не може да го надомести нивниот син. Најавија дека ќе продолжат да ја бараат правдата.

– Нашата штета не може никој да ни ја надополни бидејќи Ангел беше првото внуче на мојот татко во куќата, и тој го носеше името на својот дедо. Во нашата православна вера Ангел значи многу нешта, тоа е свето име, изјави таткото на Ангел, Сашо Петковски, кој воедно беше и сведок во случајот со убиството на неговиот син.

Петковски дополни дека и доживотно да го осудат обвинетиот, тоа не може да го надополни нивниот Ангел, кој им бил повреден од целата земјина топка.

– Затоа што тоа дете беше воспитувано, заврши медицина четврта година, му направивме матура, три дена после матурата го изгубивме нашето дете кое беше за пример. Во Ѓорче Петров и ден денеска го бараат неговите другари, а ние деноноќно уште сме во кошмари и го бараме и се надеваме дека еден ден ќе ни се врати, но не е возможно, дополни Петковски.

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.

Судот денеска му одреди казна затвор од 13 години на обвинетиот Насер Ештрефи, со тоа што во казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и секое лишување од слобода, а кое изнесува нецели седум години.

Случајот го водеше судијката Диана Груевска-Илиевска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This