Роднините на oбвинeтите повикаа на протecт: Oвa e eдeн вид на вojна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите во „Монструм” рече дека се незадовлни од изречената пресуда за овој предмет и повика на протести во петок. Тој во изјава за медиумите додаде дека ова е еден вид на војна и дека ќе се борат со сите расположливи средства.

„Ова не е правна држава и нема правен систем. Најавувам протести и ги повикувам челниците на државата да протестираат како што ние протестиравме за правниот систем да се регулира. Тоа не се случи и барам од политичките партии кои го поддржуваат чинот, да се повлечат и да се дистанцираат од оваа одлука и тие да ни се придржат. Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна. Тука сме и ќе се бориме, какви ни се средствата, така ќе дејствуваме”, изјави Ајдари по изрекувањето на пресудата.

Според роднините на обвинетите, како и нивните адвокати, пресудата која што обвинителката Фатиме Фета ја побарала во завршен збор пред судот, денес била изречена исто како што била побарана. Роднините велар дека се работи за договор помеѓу Судот и Обвинителите и дека според нив, ова не е правна држава.

Денес судот за случајот „Монструм“ изрече три доживотни казни затвор, една во траење од 15 години и една од 9 години затвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This