Рокот се пролонгира: Американската вojcка наместо во мај, ќе се повлече од Авганистан во септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден одлучил да ги повлече американските трупи од Авганистан до 11 септември 2021 година, 20 години откако нападите на Ал Каеда ја предизвикаа најдолгата американска војна, изјавиле извори запознати со ова прашање.

Според некои американски медиуми, меѓу кои и „Вашингтон пост“, повлекувањето, сепак, ќе се заснова на одредени гаранции за безбедност и почитување на човековите права, рекле изворите кои побарале да останат анонимни до официјализирањето на одлуката.

Се очекува американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот министер за одбрана Лојд Остин утре во Брисел да ги известат сојузниците во НАТО.

Бајден можеби утре јавно ќе ја соопшти одлуката.

Првично, американската војска требаше да го напушти Авганистан до први мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This