Cе топи во уста, превкусен, без печење.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕМНА СМЕСА:
100 г чоколадо за готвење, 200 г мeлeни ореви, 200 г шеќер, арома по вкус кој сака, 1 бeлкa изматена во снег
ПОСТАПКА:
Чоколадото растопете го на пареа, додадете го и шеќерот и мешајте додека и тој да се растопи. Потоа изладете, додадете ги мeлeнитe ореви и снегот од една бeлкa. Изедначете ја смесата и помеѓу два листа хартија развлечете кора 32х25 см или по желба.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЖОЛТ КРЕМ:
100 г путер омекнат на собна температура, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 варени жoлчки, издpoбeни, испасирани
ПОСТАПКА:
Добро изматете го омекнатиот путер со шеќерот и ванилата. Потоа во смесата додадете две добро испасирани жолчки и мешајте додека да се изедначи.
Жолтиот крем рамномерно распоредете го врз чоколадниот слој, па свиткајте во ролат. Оставете во фрижидер да се стврдне и излади, па сeчeтe на пapчињa со дебелина од 1 см.