Светски познатиот македонски професор Горазд Росоклија повторно ги коментира актуелните политички случувања во Македонија.
-КОЛКУ ПОНИЖУВАЊЕ МОЖАТ ДА ПОДНЕСАТ ЕДЕН ЧОВЕК И ЕДЕН НАРОД?
(ме прашуваат)
Или не поднесуваш понижување или го поднесуваш бесконечно…е мојот одговор.
Mоралниот гнилеж инсталиран како власт, продолжува да не понижува пред светот, ширејќи гнилеж крстен ,,пат кон ЕУ”.
Осумдесет години негувавме болно ткиво како основа на нацијата (луѓе на функции, академска заедница и национални институции кои тие луѓе ги водат), за денес, тој морален гнилеж да ја брише нашата македонска историја во чие создавање не учествувале, напиша Горазд Росоклија на Фејсбук.