Рот: Билатepaлните бapaња нa eднa земja-членка ce пpичинaта штo Maкедонија не можeшe да започнe пpeговори co EУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот министер за Европа Михаел Рот утрово го оцени како тешка политичка грешка запирањето на напредокот на Македонија кон ЕУ. Тој вели дека Бугарија е осамена во блокадата.

Билатералните барања на една земја-членка кон кои другите 26 земји-членки не можеа да се приклучат се причината што Македонија не можеше да ги започне преговорите со ЕУ, изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот пред почетокот на денешниот состанок на министрите на ЕУ како подготовка за лидерскиот самит кој започнува во четврток. И покрај неуспехот, Рот рече дека денеска на дневен ред повторно ќе ја стави темата за проширувањето на ЕУ.

-Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат, рече Рот.
Се друго ќе биде тешка политичка грешка со цена по стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан и тоа тешко ќе ја загрози и безбедноста на Европа. За тоа треба сите да бидат свесн, изјави Рот пред почетокот на денешниот состанок на министрите за надворешни работи и Европа на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This