РОЈТЕРС: Франција, Холандија и Данска пpoтив датум за преговори со Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите на Ројтерс Германија предлага одвојување на Македонија и Албанија во обид да се постигне компромис помеѓу сите земји членки на ЕУ на 15. октомври.

– Според планот предложен неделава до министрите на 28-те земји членки кои треба да дискутираат кон средината на октомври е можен компромис помеѓу оние се обидуваат да ги приближат балканските земји до ЕУ и оние кои пружаат отпор како Франција, Холандија и Данска – пишува Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека Германија пред неколку недели гласаше за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, но со дополнителни услови за Тирана.

Во нацрт-заклучоците на Советот на министри се предлага Македонија да ги започне преговорите пред крајот на оваа година, но не и Албанија.

Во тој нацрт-заклучок се вели „со оглед на постигнатиот напредок, ЕУ одлучува да започне пристапни преговори со Северна Македонија“, и додава дека првата меѓувладина конференција односно првиот состанок помеѓу земјата аспирант и ЕУ“ треба да се одржи до крајот на 2019 година“.

Иако начелно нацрт-заклучоците предвидувале иста реченица и за Албанија, таа е отстранета во последната верзија и не се предлага датум за првата меѓувладина конференција со Тирана, наместо тоа се набројуваат неколку претходни услови, пред сѐво делот на судството и борбата против корупцијата.

ЕУ дипломат, меѓутоа, за Ројтерс вели дека усвојувањето на овие заклучоци ќе зависи од Франција, каде што одлуката ќе ја носи лично Емануел Макрон.

Во текстот се нагласува дека Холандија, друга земја со големи резерви кон проширувањето, е повеќе наклонета кон Македонија отколку кон Албанија.

Иако е предвидено одлуката да се донесе на 15. октомври во Луксембург, не е исклучено досието да се префрли на самите шефови на држави и влади каде што Меркел и Макрон ќе се обидат да постигнат компромис. Според Ројтерс, можни се две опции, едната е да се дадат дополнителни услови пред да започнат преговори, другата е да се одвојат Македонија и Албанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This