Ројтерс со лoши вeсти: ЕУ нema да не хpaни – Брисел веќе не гapaнтира дека Македонија некогаш ќе стане членка на Унијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија, плашејќи се од политички реакции во земјите-членки, веќе не може да се согласи да им даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји, откако еднаш им вети место во клубот, пишува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на четворица дипломати и на интерен документ на Унијата. Станува збор за застој во усогласувањето на декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и на Балканот, закажан за 6 октомври.

Според Ројтерс, тоа е ниска точка во стратегијата на ЕУ да ги вклучи во блокот Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија. Ова се совпаѓа и со разгорување на тензиите на границата Косово-Србија.

Според нацрт-декларацијата, во која имаше увид Ројтерс, на самитот, ЕУ планирала да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за „својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“. Но, таа помина најмалку две рунди преговори без да биде постигнат договор, рекоа дипломатите.

Државите на ЕУ нема да ги откријат своите позиции, но богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на брзото пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This