Русите твpдaт дeкa нивнaтa вakцинa Спутник вepojaтнo нeмa бpзo дa бидe oдoбpeнa вo Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската вакцина Спутник V веројатно нема да добие одобрување од европските медицински регулатори во блиска иднина, според тврдењата на РДИФ, рускиот фонд за директни инвестиции.

Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште ја анализира руската вакцина.

„Ако се одобри, веројатно по јуни, би можеле да доставиме околу 100 милиони дози за 50 милиони луѓе во ЕУ за три, четири месеци“, кажа шефот на РДИФ Кирил Дмитриев за весникот Берлинер цајтунг.

Русија очекува по Унгарија и други членки на ЕУ да ја одобрат употребата на Спутник V без оглед на одлуката на ЕМА.

Дмитриев кажа дека Русија на тие земји дозите од вакцината би можела да им ги испрати во април.

„Ја очекуваме делегацијата ан ЕМА на почетокот на април и се надеваме дека одлуката за Спутник V ќе биде исклучиво научна, а не политичка“, додаде тој.

Критичарите ја обвинуваат Русија дека ја користи својата вакцина за пропаганда и геополитичко влијание.

Дмитриев, кој е на чело на фондот одговорен за меѓународната дистрибуција на Спутник V, ги потврди плановите за производство на вакцината во Германија и други членки на ЕУ.

Се водат преговори за производство на вакцината во објектите на руската фармацевтска компанија Р-фарм во Баварија во Германија, додаде Димтриев. Компанијата Р-фарм исто така поднела барање до ЕМА за одобрување на Спутник.

Дмитриев кажа дека постојат „прелиминарни договори со уште два произведувачи во Германија“ и со Шпанија и Франција.

Вакцината која ја разви Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во Русија е ефикасна 91 отсто, наведуваат експертите. Научниците тврдат дека заштитата против коронавирусот би можела да трае две години.

Русија ги рекламира ниската цена и едноставното чување на Спутник V кој е одобрен за употреба во над 50 земји.

Руската вакцина се смета за ефикасна и против новите варијанти на коронавирусот.

Научниците кои работеле на Спутник V и на вакцината на Астра Зенека соработуваат во обид да ја подобрат вакцината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This