Русија ги пpoтeрa Американците: Имаат рок до 15 јуни да ја нaпуштaт земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските граѓани, кои престојуваат во Русија, а им се истечени визите, треба да ја напуштат Русија до 15 јуни, соопшти денеска американската амбасада во Москва.

„Ако визата е истечена и сте американски државјанин, апелираме да ја напуштите Русија до 15 јуни, што е датумот утврден од руската влада“, се вели во соопштението, објави ТАСС.

Во исто време, американската амбасада објави дека ќе престане да издава одредени видови визи.

„Ќе престанеме со обработка на визи за немигранти и издавање дозволи за недипломатско патување“, се вели во соопштението.

На 15 април, американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба за воведување санкции против Русија. Документот, меѓу другото забранува американски финансиски институции да учествуваат на примарниот пазар за обврзници“, издадени од Централната банка на Русија, Министерството за финансии и Националниот фонд за богатство по 14 јуни. Покрај тоа, Министерството за финансии на САД санкционираше 16 субјекти и 16 лица кои се обидоа да влијаат на претседателските избори во САД во 2020 година во насока на раководството на руската влада. Санкции се воведени и за пет физички лица и три субјекти поврзани со Крим, вклучително и членови на регионалната влада. Покрај тоа, САД објавија протерување на десет лица од руската амбасада во Вашингтон.

На 16 април Русија објави одмазнички мерки. На американскиот амбасадор му беше препорачано да се врати во Вашингтон на консултации. На десет американски дипломати им беше кажано да ја напуштат Москва и започна постапка што ќе спречи американски дипломатски мисии да вработуваат граѓани на Русија и на трети земји. Москва исто така воведе забрана за влез на осуммина сегашни и поранешни американски високи функционери и лица одговорни за развој и спроведување на антируската политика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This